Со учество на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин, денес во Турција положен е камен-темелникот на третата единица на нуклеарната централа „Акују“, која е една од најголемите инвестиции во земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговиот руски колега Владимир Путин, како и ресорните министри преку видео – конференција присуствуваа положувањето на камен-темелникот почеток на изградбата на новата единица на првата нуклеарна централа во Турција.

Обраќајќи се на церемонијата, претседателот на Турција, Ердоган рече дека одлуката за вклучување на нуклеарната енергија во енергетската инфраструктура е стратешки чекор кон безбедноста на снабдувањето со енергија.

„На 100-годишнината од нашата Република, Турција ќе ја додадеме во лигата на земји со нуклеарна енергија“, нагласи претседателот Ердоган.

Во своето обраќање претседателот Ердоган исто така истакна дека уделот на обновливата и домашната енергија во рамките на инсталираната електрична сила е 63,7 отсто.

„Откривањето на 405 милијарди кубни метри резерви на природен гас во Црното Море е важен чекор кон енергетската независност на Турција“, додаде претседателот Ердоган, додавајќи дека нуклеарната енергија има посебно место во „енергетска политика“ на Турција.

Меѓу другото, претседателот на Турција, Ердоган наведувајќи дека млади специјализанти од Турција ќе учествуваат во сите процеси на нуклеарната централа, рече дека на тој начин ќе се формира мозокот на тимот на Турција за нуклеарна енергија.

Истакнувајќи дека целта на Турција е енергија без штета за животната средина, претседателот Ердоган рече дека нивната цел е преку тој пристап да се дојде до нуклеарна енергија.

Претседателот Ердоган, осврнувајќи се на соработката со Русија рече: „Имавме можност да ги видиме резултатите од турско-рускиот дијалог на терен. Решени сме да ја продолжиме оваа соработка во наредниот период.“

Anadolu