Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров (Sergey Lavrov), вчера ја поздрави намерата на Соединетите држави (United States) да се вратат на Заедничкиот сеопфатен план за акција (JCPOA), познат и како ирански нуклеарен договор, пренесува Анадолу.

Говорејќи на прес-конференција во Абу Даби (Abu Dhabi), по состанокот со неговиот колега од ОАЕ, Абдула Бин Зајед Ал Нахјан (Abdullah Bin Zayed Al Nahyan), Лавров (Lavrov) рече дека Иран (Iran) и Соединетите држави можат да преземат „синхронизирани чекори“м за обнова на JCPOA.

“Ние ја поздравуваме одлуката на администрацијата на Џо Бајден (Joeb Biden) да се врати во (JCPOA). Сепак, таа сè уште не е имплементирана, бидејќи во самите САД (USA), колку што разбрав, постои процес на разбирање како да се направи тоа”, рече министерот.

Лавров (Lavrov) додаде дека истовремени чекори во име на Иран (Iran) и САД (USA), ќе овозможат да се избегнат спорови околу тоа кој треба да го направи првиот чекор напред.

„Ако сега се потпреме на тоа кој треба да биде првиот, што ќе се врати во исполнувањето на своите обврски, преговорите можат да траат на неодредено време“, рече тој.

Имплементацијата на (JCPOA), потпишана во 2015 година, запре откако САД (USA) еднострано се повлекоа од неа на 8 мај 2018 година и повторно воведоа санкции против Иран (Iran), во областа на извозот на нафта.

Точно една година подоцна, иранскиот претседател, Хасан Рохани (Hassan Rouhani), објави дека Техеран (Teheran) суспендира дел од своите обврски согласно нуклеарниот договор. На 5 јануари 2020 година, Иран (Iran) објави дека неговата нуклеарна програма повеќе не се соочува со оперативни ограничувања.

Новиот американски претседател, Џо Бајден (Joe Biden), посочи дека ќе се врати на договорот со Иран (Iran), но и Вашингтон (Washington) и Техеран (Teheran) го повикаа другиот да го направи првиот чекор, кон ново партнерство во тој поглед.


“MEMO”

“Dubai-Portal”