Фудбалерите на Порто се пласираа во четвртфиналето на Лигата на шампионите откако во реваншот од осминафиналетпо по продолженијата иако загубија Јувентус со 2:3, користејќи го правилото за постигнати повеќе голови на гостински терен откако во првиот меч дома славеа со 2:1.

Порто поведе веќе во 19 минтуа со голот на Серхио Оливеира од пенал, но торинската „Стара дама“ направи резултатски пресврт со погодоците на Федерико Киеза во 49 и 63 минута. Со резултатот 2:1, идентичен со оној од Порто, се отиде во продолженијата, а решавачкиот момент се случи во 115 минута кога Оливеира го постигна својот втор погодок на мечот за 2:2. Само две минути подоцна Адриан Рабио повторно го доведе Јувентус во водсто од 3:2, но до крајот италијанскиот претставник не успеа да постигне уште еден погодок, иако Португалците уште од 55 минута играа со играч помалку кога беше исклучен Мехди Тареми.