Хари Мегваер веќе некое време е капитен на англискиот гигант Манчестер Јунајтед, тим кој е во една преодна фаза, транзиција која трае повеќе години што секако носи одредена нервоза кај фановите кои бараат успеси како што тоа беше во времето на неповторливиот сер Алекс Фергусон.

Со оглед на тоа што резултатите се променливи Мегваер добива и доста критики, споредуван е со некои други капитени од минатото, односно се ставаат под знак прашање неговите лидерски способности да ја поведе екипата.

Сепак засега Мегваер сити критики ги прифаќа и се надева дека во иднина ќе може како капитен да крене многу титули затоа што е привилегија да се носи лентата на рака во клуб како Јунајтед.

„Ова е огромна привилегија. Се чувствувам многу среќен што можам да го водам овој клуб и да бидам капитен. Тоа е огромна чест. Правам се што можам за да бидам успешен капитен и очигледно главната работа е да започнам да кревам трофеи и да започнувам да победувам на фудбалски натпревари на континуирана“, постојана основа.

„Многу барам. Сигурен сум дека можете да разговарате со многу играчи, ќе ви кажат оти сум гласен околу местото, јас сум гласен околу соблекувалната“, истакна Мегваер за сајтот на УЕФА пред дуелот со Милан во ЛЕ.

Derbi