Денеска турските медиуми тврдат дека македонскиот репрезентативец ја одбил понудата на премиерлигашот за продолжување на соработката.
Според „Милијет“, Езџан Алиоски нема да потпише нов договор со Лидс и како што веќе неколку пати се шпекулира, можно е кариерата да ја продолжи во Галатасарај.
Се вели дека турскиот клуб е многу блиску да го реализира овој трансфер. Македонецот моментно според „Трансфермаркт“ вреди четири милиони евра.
Нашиот играч има важечки договор до крајот на сезоната (30 јуни 2021 година). Како фудбалер на Лидс се очекува да биде дел од Европското првенство со македонската А селекција, но на половина од овој настан ќе стане слободен агент, иако клубот „Иланд роуд“ се обиде тоа да го смени.
Вкупно четири години го носи дресот на Лидс, сезонава во Премиер лигата досега запиша 25 настапи и два голови во победите над Вест Бромвич Албион и Њукасл.







