Ланецот ресторани за брза храна „Бургер Кинг“ („Burger King“) ја шокираше јавноста објавувајќи на „Твитер“ („Twitter“) дека „на жените местото им е во кујната“.

 

По бурните реакции следеа твитови со „разјаснување“.

„Ако сакаат, секако. Сепак, само 20% од готвачите се жени. Ние сме на мисија да го смениме односот на половите во угостителската индустрија, со тоа што ќе ги оспособиме жените да прават кулинарска кариера“, се наведува во следното соопштение.

„Горди сме што започнавме нова програма за стипендии, што ќе им помогне на вработените во „Бургер Кинг“ („Burger King“), да ги остварат своите кулинарски соништа“, велат тие.