Стотици палестински бегалци затворија центри за дистрибуција на храна во Агенцијата за помош и работи на ООН (УНРВА) во Газа (Gaza), вчера, во знак на протест против намалената помош од храна на организацијата, објави „Ал-Кудс Ал-Араби“ („Al-Quds Al-Arab“i).
Протестот беше организиран од Заедничкиот народен комитет за палестински бегалци и започна во саботата. Комитетот соопшти дека протестите ќе продолжат сè додека УНРВА, не ја поништи својата одлука.
Според извештаите на медиумите, стотици бегалци се собрале пред центрите на УНРВА во 7 часот наутро, преку бегалските кампови, во Појасот Газа (Gaza Strip).
Бегалците подигнаа плакати со кои ја осудија политиката на УНРВА и ја сметаат за одговорна за судбината на нивните семејства, истакнувајќи дека намалувањето на храната ги турка во несигурност на храната во светло на зголемената стапка на сиромаштија и невработеност.
Претставници на УНРВА рекоа дека купоните за храна се намалуваат за да и се овозможи на организацијата да издржува дополнителни 100 000 семејства.
Генералниот комесар на УНРВА, Филип Лазарини (Philippe Lazzarini), рече дека организацијата планира да преземе поостри мерки како резултат на дефицитот од 200 милиони долари, со кој се соочува.
„MEMO“
„Dubai-Portal“










