Илјадници Израелци побараа оставка од премиерот Бенјамин Нетанјаху на протестите организирани во Кудс (Ерусалим), Тел Авив и северниот град Цезареја, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Некои од демонстрантите што се собраа пред резиденцијата на Нетанјаху во Кудс ги нападна група приврзаници на премиерот“, објави израелската медиумска куќа КАН.

Во слични демонстрации одржани во градовите Тел Авив и Цезареја, демонстрантите извикуваа пароли против корупцијата на Нетанјаху и неговата влада. Носеа и транспаренти на кои пишуваше „Нетанјаху, не успеа, оди, оди!“.

Во Израел веќе 37 седмици се одржуваат антивладини протести на кои се бара оставката на Нетанјаху, а демонстрантите ја обвинуваат Владата и за лошо раководење со борбата против пандемијата. Во земјата се планирани избори за 23 март.

Anadolu Agency