Централниот завод за статистика на Палестина: 40 отсто од палестинските жени се невработени

by Administrator

Централниот завод за статистика на Палестина соопшти дека 40 отсто од жените во земјата се невработени, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Централниот завод за статистика при палестинската администрација објави извештај по повод 8 Март – Светскиот ден на жената.

Во извештајот се нагласува дека заклучно со 2020 година, 23 отсто од мажите се невработени, додека оваа стапка кај жените изнесува 40 отсто.

Според извештајот, 45 отсто од вработените во јавниот сектор се жени, но се вели дека положбата на жените на позициите за носење одлуки сè уште е ограничена во споредба со мажите.

„Во 2020 година во Источен Кудс, Западен Брег и Појасот Газа, 3 жени ги положија животите како шехиди, додека 128 жени беа приведени, од кои 40 сè уште се задржани во израелските затвори“, се наведува во овој извештај.

Anadolu Agency

You may also like