Поглаварот на Католичката црква, папата Фрањо, се молеше за „жртвите на војната“ пред црквата во Мосул, кој беше најголемиот град под контрола на ИСИЛ. Сите христијани биле протерани од Мосул и околните области за време на владеењето на т.н. Исламскa државa. Како резултат на прогонот на ИСИЛ и Ал Каеда, бројот на христијани во земјата се намали од 1,5 милиони на околу 400 илјади. „Ние верниците не можеме да молчиме кога тероризмот ја злоупотребува религијата“, изјавил папата Франциско, кој претходно се состана со највлијателниот шиитски свештеник во земјата, ајатолахот Али Систани, во шиитскиот свет град Наџаф.
Папата подоцна ќе го посети Каракос, историскиот центар на ирачките христијани, кој во голема мера беше уништен од ИСИЛ во 2014 година. Тој на крајот ќе одржи миса на отворено за илјадници христијани во Ербил, седиштето на ирачки Курдистан каде се засолниле христијаните, по прогонството од страна на Исламската држава.










