Три лица се повредени во седиштето на Лидл во Германија, кога експлодирала една од пратките. Полицијата ги блокираше влезовите во административната зграда во Хајлброн, а повредените веднаш беа пренесени во болницата.

Повеќе од 100 работници беа евакуирани од седиштето, а според светските медиуми, се сомнева дека експлодиралo писмо-бомба.