Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека неговата земја ќе продолжи решително да се бори се додека не се искорени целосно проблемот со тероризмот. Ердоган говореше на конгресот на Партијата за правда и развој (АК Партија) во Анкара и по тој повод се осврна на актуелните настани. Во фокусот на обраќањето на Ердоган беше борбата против тероризмот. Тој го критикуваше претседателот на опозициската Републиканска народна партија (ЦХП), Кемал Киличдароглу, во контекст на реакциите на неодамнешното страдање на 13 турски граѓани кои беа убиени од терористи на ПКК.

May be an image of еден или повеќемина, луѓе кои стојат и внатре

– Оние кои не можат да ја осудат сепаратистичката терористичка организација за да не им наштетат на нивните сојузнички партнери, немаат право да ни кажуваат за човештвото – рече Ердоган и додаде: „Киличдароглу и неговите партнери треба да знаат дека сме подготвени да дадеме глава, но во никој случај нема да умреме пред терористите и оние што ги поддржуваат.

May be an image of 3 луѓе, луѓе кои стојат и Костум

May be an image of 4 луѓе и луѓе кои стојат

Тој подвлече дека Турција ја продолжува решителната борба против тероризмот. – Ние ќе ја продолжиме нашата одлучна борба се додека целосно не го искорениме проблемот со тероризмот во оваа земја. Никогаш, по цена на животот, нема да им ја предадеме оваа рајска земја на предавниците на ФЕТО, ниту на убијците и крволочните на ПКК или ИСИС – рече Ердоган.