Судот во Холандија и наложи на Владата веднаш да го укине ноќниот полициски час воведен со цел да се потисне пандемијата на корона вирусот, нагласувајќи дека оваа мерка нема законска основа. Полицискиот час, првиот во Холандија по Втората светска војна, предизвика неколкудневни масовни протестни митинзи кога првично беше воведен на 23 јануари.
Тековниот полициски час треба да биде откажан на 3 март. Владата денес објави дека мора да ја проучи одлуката на судот. Портпарол на Министерството за правда рече дека Владата сè уште ја разгледува изненадувачката одлука на Окружниот суд во Хаг и дека во овој момент нема повеќе коментар.
(Вијести.ба)









