Парламентот на Словенија денеска ќе донесе одлука за гласање на доверба на Владата на премиерот Јанез Јанша. Словенечката новинска агенција (СТА) наведува дека опозицијата ја обвинува Владата дека не ги почитува основните принципи на Уставот, вклучително и поделба на власта и слобода на печатот, како и загрозување на остварувањето на човековите слободи и владеењето на правото во земјата.

Се очекува дека опозицијата нема да го собере потребното мнозинство за да изгласа недоверба на владата на Јанша, но гласањето ќе ја покаже вистинската сила и на опозицијата и на владејачката коалиција и да стави крај на конфликтите со недели на политичката сцена во Словенија.