Спасени се 15-те турски морнари кои на 23 јануари беа киднапирани од страна на морските пирати крај брегот на Нигерија.
Како што се истакнува здравствената состојба на морнарите е добра.
Морските пирати кои извршија напад врз бродот по име „Mozart“ во сопственост на фирмата „Borealis“ со седиште во Англија кој од нигерискиот град Лагос пловеше за Јужноафриканскиот град Кејптаун, киднапираа 15 мина од вкупно 19 членови на посадата, тројца успеаја да се спасат, а едно лице го загуби животот во нападот.
Сите членови на посадата беа турски државјани, освен загинатото лице кое беше азербејџански државјанин.
Конечно по воспоставениот прв контакт со морските пирати на 28 јануари, денеска пристигна и радосната вест.
15-те турски морнари беа спасени со реализирана операција во склопот на операциите коишто се водат со седиште во германскиот град Хамбург.
Левент Карсан, надлежен на фирмата кој учествуваше во програмата на информативниот канал ТРТ Хабер во врска со овој развој рече: „Турските морнари се во Нигерија и се безбедни. По извршената лекарска контрола ќе бидат донесени во Турција.“
Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу исто така информира дека спасените турски граѓани со помош на авион на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) од Абуџа ќе бидат донесени во Турција.
Чавушоглу истакна дека здравствената состојба на морнарите е добра.










