Најмалку пет лица загинаа во верижен судир на речиси 100 возила на автопат во американската држава Тексас кој бил прекриен со мраз.

Несреќата се случила на меѓудржавен пат во близина на центарот на Форт Ворт.

Локалните медиуми јавуваат дека десетици луѓе биле повредени, како и дека некои од нив се во критична состојба.

Друг верижен судир, во кој учествуваа 20-тина возила, се случи во Остин, а по тој повод, едно лице беше повредено.

Зимската бура, проследена со леден дожд, лапавица и снег, погоди делови на САД, вклучувајќи го и Тексас.