Американскиот претседател eо Бајден ја одобри извршната наредба за воведување санкции врз одговорните за пучот во Мјанмар од 1 февруари. Бајден изјави дека наредбата и дозволува на неговата администрација „итно да воведе санкции против воените лидери кои го предводеле пучот, што ќе ги вклучува нивните деловни интереси и членовите на нивните семејства“.
President Joe Biden has said the U.S. is imposing sanctions on Myanmar's military leaders over the coup and it remains "a subject of deep concern"
For more on this and other news visit https://t.co/8OWd2TvLrt
— Sky News Breaking (@SkyNewsBreak) February 10, 2021
Тој додаде дека Вашингтон ќе ги утврди главните лица одговорни оваа недела, како и дека ќе воведе построга контрола при извозот во Мјанмар. – САД се подготвени да воведат дополнителни мерки – посочи Бајден. Власта во Мјанмар ја држи армијата, која со државен удар ја симна од власт премиерот Аунг Сан Су Чи.

Таа е во притвор и полицијата покрена обвинение против неа. Воениот удар на 1 февруари и затворањето на избраниот цивилен лидер Аунг Сан Су Чи предизвика протести низ целата територија на 53 милиони жители на оваа јужноазиска земја и растечко движење за граѓанска непослушност кое ги зафати болниците, училиштата и владините канцеларии.


Од април 2016 година, Аунг Сан Су Чи ја има ново воспоставената позиција на државен советник во Мјанмар. Покрај тоа, таа беше избрана за министер за надворешни работи. Според уставот, Су Чи не може да биде претседател на земјата затоа што нејзините деца се странски државјани, но важи за вистински политички лидер на Мјанмар. По апсењето, таа го повика населението да не го „прифаќа“ воениот удар, стои во писмото објавено на социјалните мрежи од нејзината партија.
