Претседателот Џо Бајден денес ќе даде изјава за одговорот на САД на воениот удар во Мјанмар од 1 февруари, соопшти Белата куќа. Бајден се очекува да објави воведување санкции за одговорните за насилното преземање, рече лице блиско до темата.

Соединетите држави веќе ги нарекоа акциите на армијата на Мјанмар удар, предизвикувајќи ограничување на помошта за таа земја, а Бајден се закани дека ќе воведе нови санкции, пренесува Ројтерс.

(Вијести.ба / ФЕНА)