Од денес продавниците со вкупна површина до 400 квадратни метри повторно ќе бидат отворени за клиенти во Словенија, јавуваат словенечките медиуми. Во четвртокот, 4 февруари, Владата на Словенија ги суспендираше надлежностите на локалните самоуправи самостојно да воведат ограничувачки мерки и прогласи црвена зона во целата земја, пренесува словенечката агенција СТА.

Иако одлуката на владата стапи на сила во саботата, 6 февруари, многумина не ги отворија веднаш своите деловни капацитети, бидејќи не успеаја да обезбедат сертификати за тестирање за своите вработени, па според Словенечката трговска комора, само 10 до 15 проценти ги отвориле вратите објекти.

Поради проблеми со тестирање, Националниот институт за јавно здравје на Словенија вети дека ќе им помогне на сопствениците на продавници кои можат повторно да примат клиенти, а според словенечкиот премиер Јанез Јанша и министерот за економија Здравко Поцивалшек, трошоците за тестирање ќе ги сноси држава.

(Вијести.ба / Срна)