Министерството за внатрешни работи на Турција соопшти дека воената операција „Ерен-8 Аманос“ започнала во градовите Хатај, Османије и Газиантеп против сепаратистичката курдска организација ПКК.
Како што е посочено, воените операции продолжуваат, чија цел е целосно уништување на присуството на сепаратистичко-терористичката организација ПКК. Според информациите добиени од Командата на жандармериските сили во Адана, се посочува дека во операцијата ќе учествуваат 1.670 припадници на безбедносните сили на Република Турција, пренесува ТРТ. (Вијести.ба / ФЕНА)








