Три лица загинаа во експлозија што се случи денес околу 15:30 часот во селото Ланчово во општина Радовљица, на северозападот од Словенија, а чии причини сè уште се испитуваат. Експлозијата се случила во објект во близина на локална продавница која била изнајмена и некогаш служела како работилница за столарија.
Пожарникарите кои пристигнале на местото на настанот веднаш го обезбедија местото на настанот, и исклучија вода и струја, но експлозијата, која беше многу силна, не предизвика пожар. Полицијата по првите инспекции соопшти дека експлозијата најверојатно се случила во близина на шпоретот на цврсто гориво, но нејзината точна причина сè уште не е позната. Истрагата продолжува во сабота. Луѓето кои го изнајмиле објектот, наводно настрадале. Локалните медиуми наведуваат дека биле загинале 40-годишен маж и неговиот 20-годишен син, како и нивниот сосед, исто така 40-годишен маж.
(Вијести.ба)









