Германското обвинителство  од измамник конфискуваше повеќе од 50 милиони евра во крипто валута биткоин, но не може да ги добие парите бидејќи тој не го открива кодот.

На уапсениот изречена му е казна затвор, која ја одлежал, но не го дал кодот. Полицијата безуспешно се обиде да го пробие кодот за пристап до „паричникот“ со 1.700 биткоини.

– Го прашавме за шифра, но тој тврди дека не знае, можеби не знае -изјавил обвинителот Себастијан Мурер од градот Кемптен во Баварија. Биткоинот е зачуван во програма позната како дигитален паричник која е криптирана. Кодот се користи како клуч за отворање на паричникот и пристап до биткоин. Ако лозинката е изгубена, корисникот не може да пристапи до паричникот. Обвинителството осигури дека дури и осудениот не може да пристапи до „пленот“.

(Вијести.ба / Срна)