Неколку лица се повредени по експлозијата на гас во градот Мемминген на југот на Германија, објави во петокот весникот „Билд“, повикувајќи се на полициски портпарол.

 

Весникот наведува дека не може да се исклучи понатамошна (нова) експлозија што се случила во зграда на Црвениот крст на Баварија. Сите улици околу зградата се оградени од полицијата, додека службите за домување ги извршија потребните мерења на гасот, а сите жители на околните куќи се евакуирани. На теренот има и противпожарни единици. Експлозијата можела да се случи поради дефект во гасоводот под улицата каде што се наоѓала зградата.