Според податоците објавени во средата, повеќе луѓе се вакцинирани против КОВИД-19 отколку што биле заразени со вирусот кој го зафати светот во текот на целата измината година.
Инјектирани се вкупно 104,9 милиони дози, според последните податоци на Универзитетот „Oxford“ и Центрите за контрола и превенција на болести на САД Вкупниот број на вакцинирани сега го надминува бројот на повеќе од 104,1 милиони заразени со КОВИД-19, според глобалните податоци на Ројтерс. Инфицираниот број сè уште се зголемува во 44 земји, а вирусот однесе најмалку 2,26 милиони животи ширум светот, додека здравствените работници сега се натпреваруваат да вакцинираат што повеќе луѓе.










