Палестинските сили на отпорот собориле беспилотно летало на израелската армија на југот од појасот Газа, пренесува The New Press. Беспилотното летало било соборено источно од градот Кан Јунис во вторникот наутро, откако палестинските сили успеале да ја преземат контролата над него.

Израелската армија исто така соопшти дека едно од нејзините беспилотни летала „паднало“ во Газа за време на оперативните активности, но посочи дека „нема опасност или истекување на информации“. Ова е трет пат оваа недела да биде соборен израелски дрон од силите на отпорот во Либан или Појасот Газа.

Во неделата, палестинските борци соборија израелски квадкоптер кој спроведуваше шпионска мисија над преминот Бејт Ханун помеѓу Појасот Газа и останатите окупирани територии.

Следниот ден борците на Хезболах пресретнаа и соборија израелски беспилотно летало што влезе во либанскиот воздушен простор во близина на пограничното село Блида.