Американската фармацевтска компанија „Фајзер“ објави дека годинава очекува да заработи околу 15 милијарди долари од вакцината против нов вид коронавирус, пренесува Anadolu Agency (AA). Фајзер го објави својот биланс на состојба за четвртиот квартал на 2020 година.

Се наведува дека приходите на компанијата во последните три месеци од минатата година се зголемени за 12 проценти во споредба со истиот период во 2019 година и достигнаа 11,7 милијарди долари. Објавени се и податоци, вклучувајќи ги приходите на компанијата во текот на 2020 година. Се наведува дека приходите на Фајзер во 2020 година се зголемија за два проценти во споредба со претходната година и изнесуваат 41,9 милијарди долари. Приходите на „Фајзер“ во 2021 година се проценува дека се движат меѓу 59,4 и 61,4 милијарди долари.