Полицијата во Мјанмар ја обвини соборената лидерка Аунг Сан Су Чи за нелегален увоз на опрема за комуникација и според полициски документ таа ќе биде притворена (уапсена) до 15 февруари заради истрага . Војската на Мјанмар ја презеде власта во понеделникот, приведувајќи го добитникот на Нобеловата награда за мир Су Чи и ја прекина транзицијата кон “демократија“, што предизвика осуда од САД и другите западни земји.

Полициското барање до судот содржи детални обвинувања против 75-годишната нобеловка Су Чи, вклучително и наводите дека радио станици воки-токи биле пронајдени при претрес на нејзиниот дом во главниот град Најпијадау. Исто така, се тврди дека пронајдените радија биле увезени нелегално и биле користени без дозвола.

Во документот, кој беше предаден во средата, се барало притвор за Су Чи „со цел да се испитаат сведоците, да се бараат докази и да се побара правен совет по испрашувањето на обвинетиот“. Друг документ покажува дека полицијата поднесе обвиненија против соборениот претседател Вин Мајнт за злосторства според Законот за управување со катастрофи. Ројтерс не беше во можност веднаш да контактира со полицијата, владата или судот за коментар.

Су Чи, која претрпе околу 15 години куќен притвор меѓу 1989 и 2010 година додека го водеше демократското движење во земјата, останува екстремно популарна во нејзината татковина, и покрај штетата што и ја нанесе на нејзиниот меѓународен углед за време на нападот врз бегалците муслимани Рохинџа во 2017 година. .

Нејзината партија Национална лига за демократија (НЛД) соопшти дека се извршени рации во канцеларии во неколку региони и ги повика властите да ги запрат, како што ги нарече, незаконските активности по победата на изборите на 8 ноември. Началникот на армијата Мин Аунг Хлеинг ја презеде власта, велејќи дека има изборни измами на изборите на 8 ноември, на кои победи НЛД. Изборната комисија соопшти дека изборите биле фер.

(Вијести.ба / ФЕНА)