Се реконструираат три патишта во градот Струга и еден пат во село Велешта .
Во текoт на неделата беше потпишан договор за јавна набавка за реконструкција на патиштата:
1. Ул. Мирче Ацев и дел од ул. К. Јосифоски – Питу
2. Населба Плитиште
3. Ул. Глобочичка – Крак и
4. С. Велешта – улица бр. 1 (Амбуланта)
Проектот е финансиран од буџетот на Општина Струга врз основа на потребите на Сектор за урбанизам, комунални дејности, сообраќај и заштита на животната средина.