Европската унија изрази жалење заради одлуката на Косово да отвори амбасада во Ерусалим. – Ова е одлука за жалење, бидејќи оваа одлука го оддалечува Косово од позицијата на Европската унија во одно Ерусалим – изјавил Питер Стано, портпарол за надворешни работи на Европската комисија.
Во секој случај, Стано истакна дека го цени фактот што двајцата партнери во блокот одлучија да воспостават дипломатски односи. Сите амбасади на земјите-членки на ЕУ и европските делегации се наоѓаат во Тел Авив во согласност со резолуцијата на Советот за безбедност на ОН и одлуките на министрите за надворешни работи на ЕУ, објаснил Стано.
„Унијата инсистира на тоа дека мора да се најде конечно решение за Ерусалим во директни преговори меѓу Израел и Палестинците“, рекол портпаролот. Косово и Израел официјално воспоставија дипломатски односи во понеделникот. На воспоставувањето дипломатски односи претходеа договори за нормализирање на односите постигнати пред неколку месеци меѓу еврејската држава и четирите арапски држави, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Судан и Мароко. Турција исто така го критикуваше потегот на Косово, велејќи дека тоа ги крши резолуциите на ОН и меѓународното право.









