Лидерката на француската крајнодесничарска партија Марин Ле Пен во петокот повика на забрана за носење хиџаб на јавни места, додека неодамнешната анкета покажува дека, во вториот круг од изборите против актуелниот претседател Емануел Макрон, трката ќе биде крајно неизвесна. „Сметам дека хиџабот е исламистичка облека“, им изјавила на новинарите Ле Пен, предлагајќи забрана за „исламистички идеологии“ кои, според нејзиното мислење, се „тоталитарни и убиствени“, пишува АФП.









