Рафална серија на земјотреси во Грција: Дури шест удари за час и половина

by Administrator

Земјотрес со јачина од 4,9 степени е регистриран во близина на грчкиот остров Лезбос утрово околу 8 часот по локално време, и уште еден земјотрес од 4,8 степени минута подоцна, објави Националниот геодинамички институт за опсерваторија. Како што јави дописникот на македонската агенција МИА од Атина, за час и половина, на море, на 46 километри југозападно од Лезбос, регистрирани се шест земјотреси со јачина од 2,9 до 4,9 степени. Засега нема информации за повредени, ниту за материјална штета.

 

You may also like