Во центарот на Париз избувнаа судири меѓу демонстрантите и полицијата за време на новите протести во врска со контроверзниот Закон за глобална безбедност, што би ограничило споделување на полициски снимки и фотографии за време на акциите.

На социјалните мрежи беа објавени видеоснимки, кои покажуваат дека полицијата употребила солзавец и водени топови, пренесува Спутник. Инаку, еден член од Законот за глобална безбедност предвидуваше казна затвор до една година, како и парична казна од 45.000 евра во случај на ширење видеа и фотографии на кои може да се идентификуваат полицајци со намера им штети.

Критичарите на законот истакнаа дека тој може да ја загрози можноста на медиумите да го контролираат однесувањето на полицијата, па затоа долниот дом на францускиот парламент предложи да се смени клаузулата.