Основачот на Тесла, Илон Маск, во средата телефонски разговарал со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за соработката во вселенската технологија и другите сфери, соопшти кабинетот на турскиот претседател, пренесе Блумберг. Во соопштението се вели дека Маск и Ердоган разговарале за соработката меѓу компаниите на Маск со турските компании и државата. „Ќе продолжиме да ги следиме случувањата во технологијата, како во нашата земја, така и во светот и ќе продолжиме да го поддржуваме секој потег што ќе му користи на нашиот народ“, напишал Ердоган на социјалните мрежи, пренесува Дејли Сабах.

Да потсетиме, турскиот сателит од петтата генерација Türksat 5A беше лансиран на почетокот на оваа година со употреба на ракетата Falcon 9 на SpaceX, произведен од Илон Маск. Турскиот сателит беше лансиран од американскиот вселенски центар Кејп Канаверал во Флорида. Турција ќе има седум сателити во вселената откако Türksat5A ќе достигне орбита.