Податоците од извештајот на меѓународната хуманитарна организација „Оксфам“ покажуваат дека десетте најбогати луѓе во светот би можеле да купат вакцини за сите жители на планетата. Нивното вкупно богатство се зголеми за 540 милијарди долари за време на пандемијата на коронавирусите и сега изнесува 11,95 трилиони, наведува организацијата во извештајот наречен „Вирус на нееднаквост“.

Тие пари се доволни за да се спречи скоро секој поединец да падне во сиромаштија за време на пандемија и да му овозможи да се вакцинира против коронавирус, пресметале истражувачите од „Оксфам“. Количината на богатство што ја имаат овие 10 лица е еднаква на вкупното трошење на членовите на Г20 за да се опорават од пандемијата.

Затоа Оксфам ги повикува владите да размислат за оданочување на супер богатите. Некои од нив дадоа значителен придонес за непосреден одговор на пандемијата. Меѓу 10-те најбогати луѓе се наоѓаат лидерот на Амазон, Џеф Безос, лидерот на Тесла, Илон Маск и основачот на Фејсбук, Марк Закерберг.