Милиони дози вакцини против коронавируси биле „изгубени“ откако администрацијата на Трамп ги испратила во американските сојузни држави. Лондонски Индепендент, повикувајќи се на Дејли Бист – Daily Beast и извори блиски до администрацијата на Бајден, пишува дека речиси 20 милиони дози може да недостасуваат откако претходната администрација ги испратила во сојузните држави.
Според американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), од минатиот месец во државите се испратени 41,1 милиони дози, но вакцината ја примиле само 22,7 милиони Американци. Преодниот тим на Бајден претпостави дека податоците за ниските стапки на вакцинација се должат на фактот дека државите полека известуваа до ЦДЦ, како и поради неподготвеноста на граѓаните да примаат вакцини и други проблеми со снабдувањето. Сепак, според информациите што за „Дејли бист – Daily Beast“ ги потврдија два извори од администрацијата на Бајден, постојат вакцини кои не можат да се следат во магацини или на други места. Д-р Крег Спенсер, лекар во њујоршката Презвитеријанска болница, рече дека се чини дека има „неверојатна неефикасност“ во дистрибуцијата на вакцините во САД, а некои држави дури пријавуваат недостиг.
– Имате градови што ги откажуваат датумите за вакцинација, додека податоците покажуваат дека тие сè уште не дале многу од вакцината што им е доставена. Тоа е најголемиот проблем – рече докторот.









