Шефот на рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ), Кирил Дмитријев изјави денеска дека руската вакцина Спутник V ќе добие одобрение за употреба во 25 земји во следните неколку недели.

„Нашата вакцина Спутник V досега е регистрирана во 14 земји, а во следните неколку недели ќе биде одобрена во уште 25 земји“, рече Дмитријев за време на видео-конференцијата на Светскиот економски форум во Давос, пренесува Ројтерс.