Шведската здравствена агенција денес објави дека ги суспендирала плаќањата до „Фајзер“ и бара појаснување за количините на дози на вакцина против ковид 19 во едно шише, пишува денес весникот „Дагенс Нихетер“. Шведска побара објаснување откако „Фајзер“ објави дека секое шише содржи шест дози, а не пет, како што е договорено.

Официјален Стокхолм сега сака Европската комисија и Фајзер да постигнат договор за тоа колку дози вакцина содржи шише. „Дотогаш, ја известивме компанијата дека треба да почекаме со плаќањата додека не добиеме појаснување за тоа на што се однесуваат“, рече главниот шведски епидемиолог Андерс Тегнел.

Претставништвото на Фајзер во Шведска одби да ги коментира наводите на шведскиот весник за Руерс, но на „Дагенс нихетер“ му беше кажано дека се наплатуваат шест дози по шише.

(Вијести.ба / НН)