Турската фармацевтска компанија “VisCoran Ilac Sanayii” е подготвена да произведе милиони дози на руската вакцина Спутник V откако ќе се обезбедат соодветни технологии, изјави денес Озтурк Оран, претседател на бордот на директори на компанијата.
– По завршувањето на процесот на трансфер на технологија меѓу двете земји, ќе можеме да произведеме милиони дози во Турција – изјавил тој во интервју за агенцијата Demiroren. Според него, турската фармацевтска компанија започнала преговори со Рускиот фонд за директни инвестиции во април минатата година, пренесува Спутник. Како што рече Оран, ситуацијата во моментов е „во последната фаза од процесот во Министерството за здравство во врска со производството“.
– Постојат и компании со кои разговаравме за производствените капацитети. Се очекува вакцината да се произведува кај нас, како и да се извезува во други земји, вклучително и европски – додал тој.










