Турскиот товарен брод „Моцарт“ е изложен на напад од пирати додека се движел во Гвинејскиот Залив на отворени води кај Нигерија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение на претседателот на „ЕОС Риск груп“, Давид Џонсон, се наведува дека бродот на поморската компанија „Боден“, со седиште во Истанбул, е изложен на напад на отворени води во Гвинејскиот Залив, кај Сао Томе.
Во соопштението се вели дека бродот се движел од градот Лагос во Нигерија кон градот Кејптаун во Јужноафриканската Република.
Се истакнува дека киднапирани се 15 од вкупно 19 лица од екипажот, еден од нив е убиен, додека останатите три лица од екипажот останале на бродот заедно со пиратите.
Во соопштението се нагласува дека пиратите го киднапирале бродот.









