Додека Соединетите Држави бараат повеќе залихи на вакцини за коронавирус за да вакцинираат што повеќе луѓе, американската Администрација за храна и лекови (ФДА) соопшти дека може да се извлече дополнителна доза, односно шеста, од секое шише вакцина Фајзер. Првично, секое шише вакцина произведено од американската компанија Фајзер и германскиот БиоНТеч беше дизајнирано да содржи пет дози вакцина, но некои фармацевти истакнуваат дека шестата доза може да се извлече кога се користат одредени шприцеви, пренесува Си-Ен-Ен.
Како резултат, ФДА издаде одобрение според кое шприцеви со мал волумен може да се користат за извлекување шест дози од едно шише вакцина Фајзер. Ако се користат стандардни шприцеви и игли, тогаш шестата доза не може да се извлече. Мекесон, компанија за медицински материјали, веќе започна да доставува комплети со помали шприцеви и игли во здравствените установи низ Соединетите држави, кои овозможуваат да се извади шестата доза од вакцината од шишето „Фајзер“.
Извршниот директор на „Фајзер“ Алберт Бурла изјави дека ова зголемување на дозите по шише обезбедува дополнителни 20 проценти од капацитетот, што ќе придонесе за зголемување на бројот на вакцинации во земјите низ целиот свет, пренесува Си-Ен-Ен










