29
Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ) денес објави дека потпиша договор со Турција за производство на својата вакцина Спутник V против КОВИД-19, објави новинската агенција Интерфакс. Исто така, РДИФ во изјавата наведе дека започна трансферот на технологијата на производство во Турција.
Русија претходно потпиша договори за производство на вакцина Спутник V со производители од Јужна Кореја, Кина, Индија, Бразил, Белорусија и Казахстан, пренесува Танјуг.
