Кокаин, вреден на црниот пазар 76 милиони фунти, бил запленет во товар банани во Саутемптон, соопшти британската полиција. Дрогата е пронајдена при рутинско пребарување од припадници на граничната служба во контејнер на еден брод.

Запленети се вкупно 946 килограми кокаин, за кој постои сомневање дека бил испратен во товар од Колумбија и дека целта му била Антверпен, Белгија, јави АП. Министерката за внатрешни работи Прити Пател изјави дека станува збор за шверц на дрога „на индустриско ниво“ и дека е воодушевена што граничната служба спречува оваа количина опасна стока да стигне на улиците.