Силна експлозија одекна во една од зградите во центарот на Мадрид, пренесуваат медиумите. Експлозијата се случила на улицата Толедо. Според некои извештаи, неколку лица биле убиени.

 

Најмалку шест лица се повредени, јавија локалните медиуми. Причината за експлозијата е непозната. Судејќи според фотографиите и видеата од социјалните мрежи, зградата е многу оштетена.

Од вториот кат нагоре, сè се сруши. Тули и урнатини има низ целата улица. Оштетерни се и голем број на автомобили кои биле паркирани во непосредна близина.