Следен во кампањата #луѓеодсекојдневниотживот  која од 15 декември ја спроведува Општина Струга е едно младо момче кое доаѓа од село Лабуништа,Струшко.
Станува збор за фудбалски талент.
Бајрам Латифоски е 16-годишник кој својата спортска кариера ја започна во основно училиште во селото Лабуништа, а потоа се пресели да живее во Австрија. Роден е на 14.06.2005 година и во моментов живее во Перг, Австрија и учи во државното училиште „Mittelshule“ Перг.
Тој е член на фудбалскиот клуб АСКО – ПЕРГ.
Латифоски има порака до младите: „Секогаш следете го својот сон, без разлика колку е тешко да го стигнете еден ден ќе го постигнете она што го сакате”.
А, ние потсетуваме:
Целта на оваа кампања да се презентираат луѓето кои живеат во Струга и кои имаат различни професии преку кои директно или индиректно влијаат на нашиот живот. Луѓе кои не ги гледаме на телевизија или интернет, а се многу важни за нашето секојдневно нормално функционирање. Би сакале да ја прикажеме важната улога на секој граѓанин во нашето општество, како секој еден од нас влијае врз развојот и го подобрува секојдневието на сите нас. За таа цел ќе постираме лични приказни за луѓето од нашиот град и за нивните професии.
Општина Струга