По кратката блокада на комплексот на Конгресот на САД (САД), полицијата во Вашингтон соопшти дека нема закана за безбедноста и дека ситуацијата е нормализирана. Претходно денес безбедносните сили ја блокираа зградата на Конгресот и областа околу неа заради пријавена надворешна безбедносна закана.

Новинарите акредитирани во рамките на Конгресот објавија дека во комплексот било издадено предупредување до луѓето да не ја напуштаат зградата на Конгресот сами, ниту да се приближуваат до надворешните прозорци. Во исто време, евакуирана е зоната каде што биле во тек подготовките за пробата на церемонијата на инаугурацијата на новиот американски претседател eо Бајден, што ќе се одржи во среда. Беше пријавен пожар недалеку од Конгресот, а од тоа место се креваше чад, што предизвика аларм во и околу Конгресот.

Противпожарната служба во Вашингтон објави на Твитер дека пожарот избувнал под мост во блиската населба и бил изгаснат. Во соопштението се вели дека никој не загинал во пожарот. Тајната полиција тогаш соопшти дека безбедносната закана не постои и дека ситуацијата е нормализирана. Конгресниот комплекс, односно зградата Капитол Хил, во моментов има еден вид статус на воена зона во рамките на кој се подготвува инаугурацијата на новиот американски претседател Бајден.

Комплексот е опкружен со бариери, вклучително и зградата на Врховниот суд. Зградата на Конгресот беше сцена на големи немири што избувнаа на 6 јануари кога приврзаниците на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп упаднаа во зградата. За време на немирите загинаа пет лица.