Холандската полиција употреби водени топови против скоро 2.000 демонстранти во Амстердам. Насобраните протестирале против ограничувачките мерки на холандската влада воведени за спречување на ширење на корона вирусот корона.

Демонстрантите се собрале на плоштадот пред Рајксмузеум и музејот Ван Гог, носејќи транспаренти на кои пишувало „Слобода: Стоп за окупацијата“ и извикувајќи „Ние сакаме слобода“, пренесува Ројтерс.

Безбедносните сили уапсиле околу 100 демонстранти. Ниту еден од демонстрантите не носел маски задолжителни на јавни места и ретко кој го почитувал правилото за физичка оддалеченост, што предизвика реакција од полицијата, се вели во соопштението на градските власти на Амстердам.