Коосновачот и филантроп на Мајкрософт Бил Гејтс поседува 979 квадратни километри земјиште во САД, што го прави сопственик на најголемата површина на земјиште во Америка, според најновото истражување.
Гејтс, чие богатство се проценува на 121 милијарда долари и се наоѓа на четвртото место на листата на најбогати луѓе во светот, заедно со неговата сопруга Мелинда, поседува имот во дури 18 држави, покажува студијата спроведена од „The Land Report“.
Семејството Гејтс има најголеми имоти во Луизијана (279 квадратни километри), Арканзас (194) и Небраска (83). Сопственик на овие имоти е или тие лично или „Каскад инвестментс“, инвестициска компанија управувана од Гајстс. Ново предградие со 80.000 домови со скоро 14.000 квадратни километри отворен простор се гради на поголемиот дел од земјиштето што го има Гејтс во Аризона, додека два квадратни километри се одвоени за училиштата, објави „Аризона Република“ во 2017 година.
Фондацијата Мелинда и Бил Гејтс инвестирала 300 милиони долари од 2017 до 2020 година за поддршка на истражувањето што ќе им помогне на азиските и африканските земјоделци со ниски примања да се прилагодат на климатските промени. Покрај тоа, Фондацијата Гејтс објави дека ќе инвестира 40 милиони долари во истражување што треба да резултира со одгледување кокошки што ќе произведат поквалитетни јајца и крави кои ќе произведат повеќе млеко во Јужна Азија и Африка.
Иако Гејтс има најмногу земјиште во Америка, сепак не е најголемиот земјопоседник во неа, кога ќе се земат предвид недвижностите. Според списокот составен од „The Land Report“, најголем сопственик на земјиште е бизнисменот и филантроп Џон Мелоун, со 8.903 квадратни километри во негова сопственост.










