Американец од Вашингтон снимил како изгледа неговиот град денес утрово. Армијата е присутна од сите страни во целосна воена опрема и со долги цевки. На крајот од видеото, авторот го праша Бајден зошто некој би се заштитил од народот на тој начин ако легитимно победил на изборите.
За потсетување, сите 50 американски држави и областа Колумбија се во состојба на готовност викендов поради можни насилни протести на противниците на инаугурацијата на eо Бајден, што ќе се одржи во среда.
Припадници на Националната гарда од сите делови на земјата беа испратени во Вашингтон за да обесхрабрат какво било можно повторување на насилството од 6 јануари, кога беа убиени пет лица за време на упадот на приврзаниците на Трамп во Конгресот. Федералното биро за истраги (ФБИ) предупреди дека вооружените приврзаници на Трамп може да маршираат во главните градови на сите 50 држави.
👀 update from DC pic.twitter.com/KkvKPidlIW
— Tony (@Mrtdogg) January 16, 2021










