Аеродромот во Франкфурт е евакуиран вечерва, поради „аларм за оружје“, пренесуваат светските медиуми.

Според медиумите, полициската акција е во тек. – Поради тековната полициска акција, делови од терминалот 1, регионалната железничка станица и преминот кон железничката станица за понатамошни дестинации, беа затворени на аеродромот во Франкфурт.

Апелираме до патниците да ги следат безбедносните упатства – објавено е на Твитер профилот на аеродромот во Франкфурт. На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како полицаец покажува пиштол кон некој што лежи на подот.