На индонезискиот остров Јава,денес еруптира Семеру и испушти чад и пепел во атмосферата на висина од 5,6 километри, се вели во извештајот на Агенцијата за геологија при Министерството за енергетика на Индонезија.

Ерупцијата на вулканот Семеру започна во 17 часот по локално време, а видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат облаци од сива пепел што кружат над куќите, пренесува Ројтерс.

Неодамна, други вулкани, како што се Мерапи во Јава и Синабунга во Суматра, покажаа знаци на зголемена геолошка активност. Во Индонезија има околу 130 активни вулкани, повеќе отколку во која било друга земја во светот.